Шаховскиот клуб Штајниц е основан во 2022 година во Битола, во чест на првиот шаховски шамион во светот, Вилијам Штајниц. Наша цел е да создадеме заедница во која ќе се приклучат се повеќе млади шахисти кои континуирано ќе се развиваат и придонесат кон развој на натпреварувачки и спортски дух, а сè со цел усовршување и остварување на повисоки спортски резултати. Посветени сме на постојан развој и унапредување на младинските шаховски ентузијасти, запознавање на младите со оваа дисциплина и спортот воопшто, и формирање на здрави млади генерации!



ЦЕЛИ


Здружението за спортски активности ШАХОВСКИ КЛУБ ШТАЈНИЦ Битола, од областа на спортот е формирано за остварување на заеднички цели и интерес за организирано занимавање со спорт Битола. Како посебни цели и задачи се утврдуваат:

Инфо за клубот и членство:


Термини: Секој вторник и петок од 19:00 до 21:00 часот

Локација: ул. Крушево, бр. 7 , ( УЗ „ВЕЉКО ВЛАХОВИЌ“)